вторник, 22 октомври 2024
Словенечката вицепремиерка со оценки

Фајон: Трнлив беше патот на Македонија заради Грција и Бугарија, но сега се клучните моменти за ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Уставните промени се клучни пред се’ за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани, додава шефицата на словенечката дипломатија и нагласува дека е клучно Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите.

„Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа, дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите“, децидна е Фајон.

„Годинава е исклучително важна за проширувањето. Проширувањето стана геостратешка нужност. Ако погледнеме што се случува околу нас, руската агресија во Украина, конфликтот на Блискиот Исток, Европската Унија мора да биде силна, мора да биде обединета, имаме јасна Бледска обврска државите да се подготват за проширување до 2030 година, а од друга страна јас и Словенија се стремиме и државите на Западен Балкан да бидат подготвени и способни за влез во Европската Унија. Кон крајот на годината очекувам поттикнувачки извештаи, посакувам да видам почеток на пристапни преговори со Босна и Херцеговина, очекуваме пристапни преговори со Украина, Молдавија, понатаму за Грузија и во тој контекст клучно е Северна Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција да ги отворат и започнат конкретно преговорите. Не сакам да зборувам за одвојување, останувам силно посветена на тоа, дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите“, објаснува словенечката шефица на дипломатијата.

„Европската Унија е простор на слобода, простор на вредности што не поврзуваат, демократија, правна држава, а ако зборуваме за корупцијата, борбата против корупцијата е услов од една страна за влез во Европската Унија, а од друга страна, пред се затоа да се создадат услови за здрав напредок на општеството е во интерес на граѓаните, за привлекување странски инвестиции, заживување на економијата, борбата против корупцијата е постојана и е клучна за луѓето“, вели Фајон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ