вторник, 22 октомври 2024

Европскиот сојуз за промена: ДУИ прво ги измами Албанците со Насер Зибери, а сега и со Талат Џефери

ДУИ билa, е и ќе остане неуспешна. Замислете, од Насер Зибери како премиер со целосни овластувања, завршија кај премиерот Талат Џафери кој самиот ќе има административни овластувања. се вели во реакцијата на Европскиот сојуз за промени.

Објавено на

часот

Сподели

„Европскиот сојуз за промени дефинитивно е за премиер Албанец. Но, против албанскиот премиер е и самата ДУИ, која ја загуби можноста да има премиер Албанец пред четири години кога ги измами Албанците да гласаат за Насер Зибери, додека ДУИ гласаше за Зоран Заев, а потоа за Димитар Ковачевски во Собранието за премиер. Зошто? Затоа што ДУИ не е заинтересирана за високи државни функции да работи во интерес на Албанците и државата, туку само да манипулира со јавноста и да краде, и да носи инвеститори за казинa и обложувалници од Србија и Русија.

Со техничкиот премиер, ДУИ двапати ги лаже Албанците, оти албанскиот премиер за 20 години ќе остане пропаднат функционер. Додавајќи ги и последните скандали дека е во контакт со Никола Груевски за да работи против албанската опозиција. ДУИ предложила кандидат за албански премиер, личност која нема да има никаква надлежност, туку ќе биде марионета во премиерската фотелја, само за да се организираат изборите.

И кога сме кај албанскиот премиер, секој Албанец би бил прифатлив за премиер, па макар и технички (затоа што ДУИ има толку капацитет), но не Талат Џафери. Како да очекуваме фер и демократски избори да организира влада предводена од Талат Џафери, кој од позиција на претседател на Собранието го спречува албанскиот опозициски гласач да има свој претставник во ДИК. Со кандидатурата на Талат Џафери, ДУИ дава уште еден доказ дека се подготвува да манипулира со изборите!

 

09.12.2023

Европскиот Сојуз за Промена

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ