четврток, 24 октомври 2024

Европската комисија го објави нацрт Извештајот за фундаменталните вредности

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е само нацрт Извештај кој допрва ќе се дискутира од страна на земјите членки на ЕУ и доаѓа во вистинско време кога интензивно работиме на изработка на патоказите“, вели вицепремиерот Маричиќ.

Извештајот ја отсликува состојбата на државата и насока за идните реформи кои Северна Македонија треба да ги направи во областа на владеењето на правото, поточно реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и човековите права, како и да го зајакне функционирањето на демократскиот институции и реформата во јавната администрација, со цел исполнување на условите за членство во Унијата.

„Извештајот е за нас е водич и основа за подготовка на клучните документи-Патоказите, а истовремено е рефлексија на скрининг процесот, кој трае скоро една година. Поединечните наоди ќе ги коментираме во натамошна фаза кога ќе треба да се вградат во Патоказите, кои ќе консултирани со сите општествени чинители, во еден транспарентен и инклузивен процес“, објаснува вицепремиерот Маричиќ.

Во Секретаријатот за европски прашања во моментот се работи на македонски превод на документот, на скрининг Извештајот, кој ќе биде дополнително објавен на нивната официјална веб страна, информираат од СЕП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ