четврток, 28 ноември 2024

Европската комисија би можела да го прекине финансирањето на агенцијата на ОН за Палестина

Европската комисија (ЕК) денеска објави дека ќе го разгледа понатамошното финансирање на Агенцијата на Обединетите нации за поддршка на палестинските бегалци (УНРВА), чии членови се обвинети за учество во нападот на Хамас врз Израел во октомври минатата година.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„ЕК ќе донесе одлука за идните одлуки за финансирање на УНРВА во светлината на многу сериозните обвинувања изнесени на 24 јануари во врска со вмешаноста на персоналот на УНРВА во грозоморните напади на 7 октомври“, се вели во соопштението.

Одлуките за натамошно финансирање ќе зависат од резултатите од истрагата објавени од ОН.

ЕК наведува дека не е предвидена нова исплата до крајот на февруари и дека ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за Палестинците во Газа и Западниот Брег преку други партнерски агенции.

Во петокот израелските власти ја обвинија УНРВА дека неколку нејзини членови учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година. После тоа УНРВА објави дека разрешила неколку службеници и најави истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ