понеделник, 25 ноември 2024

Европол: Разбиена албанска мрежа за шверц на дрога

Објавено на

часот

Сподели

Европските полициски сили ја разбија албанската мрежа за шверц на дрога во која беа вклучени Германија, Италија и Холандија, соопшти полициското тело на Европол.

Европол соработуваше со полицијата во три земји за да ја разбие мрежата, што резултираше со апсење на 35 осомничени лица и запленување на повеќе од еден милион евра, пренесува Ројтерс.

„Криминалната мрежа наводно е одговорна за големиот шверц на кокаин и канабис од Јужна Америка во Европа и неговата понатамошна дистрибуција низ Европската Унија“, соопшти Европол.

Европол соопшти дека оваа криминална група е позната по употребата на насилство, вклучително тортура и киднапирања со цел изнуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ