четврток, 24 октомври 2024

Еврокомесарот за проширување: Вратата на ЕУ е ширум отворена за Црна Гора

Комесарот на Европската комисија за проширување Оливер Вархеји изјави за време официјалната посета на Црна Гора дека дошол со јасна порака. Црна Гора е најнапредниот кандидат во пристапните преговори и вратата на ЕУ ѝ е ширум отворена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Црна Гора е најнапредната земја кандидат во пристапните преговори. Сите сме спремни да ја придвижиме Црна Гора на следното ниво“, оцени Вархеји.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ му се заблагодари на Вархеји на силната поддршка, додека претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ кажа дека Црна Гора мора да ја искористи големата прилика и поволниот момент за да го забрза својот европски пат. Милатовиќ, како што соопшти неговиот кабинет, за време на средбата со Вархеји го повторил очекувањето дека Црна Гора како лидер во преговарачкиот процес до 2028 ќе стане полноправна членка на Европската Унија.

„Со новата влада, со новата коалиција на власт и новото парламентарно мнозинство, видовме резултати во реформите. Тоа создаде сосема поинаква атмосфера во Брисел. Црна Гора покажа дека не само сака, туку е и способна да оствари резултати“, кажа Вархеји за ТВЦГ.

Црна Гора од 2012 година води пристапни преговори со ЕУ, до сега отвори 33 поглавја, а привремено затвори три.

Последното поглавје го затвори пред четири години за време на власта на Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ