петок, 18 октомври 2024

Евробаскетот на секои четири години?

Објавено на

часот

Сподели

Според револуционерната замисла на Бауман, Евробаскетот сега би се играл на четири години, наместо на секои две, а една од причините е и зголемувањето на бројот на учесниците и сѐ покомпликуваните можности за негова организација.

Според информациите, наскоро на бордот на ФИБА ќе треба да се дискутира и да се гласа за предложените промени, но ФИБА Европа била против оваа идеја. Идејата би требала да почне да се реализира од 2017 година, со тоа што четиригодишниот циклус би бил асиметричен. Во првите две да се игра ЕП и квалификации за него, а во следните две квалификации за СП и Олимписки игри.

Ако се прифатат овие измени, Мундобаскетот би се префрлил на непарна година, а со исфрлање на едно ЕП од актуелниот двогодишен циклус, да се користат термините со квалификациски мечеви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ