среда, 20 ноември 2024
По владината одлука

Еуромакс: Правна несигурност за инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

Објавено на

часот

Сподели

„Наша обврска и должност е да ги заштитиме правата на сите акционери во Еуромакс рисорсис лтд, и поради тоа ќе бидат искористени сите правни лекови во државата. Тука не се исклучува опцијата за покренување на меѓународна арбитража во Вашингтон, САД, базирано на билатералниот Договор за поттикнување и взаемна заштита на инвестициите склучен помеѓу Федералниот совет на Швајцарија и Владата на Македонија. Со оглед на фактот дека формално известување за иницирање на процес на активни консултации е поднесено до Владата во март 2020 година, поминат е предвидениот рок од шест месеци пред покренување на меѓународна арбитражна постапка, и истата може да се покрене на барање на инвеститорите и/или бордот на Еуромакс во секое време без одолговлекување.

Во секој случај, најавената одлука за повлекување на веќе донесената одлука за спојување на концесиите бр.41-6339/3 од 27 јуни 2023 година, објавена во Службен весник бр.141 од 4 јули 2023 година, би бил преседан кој воведува правна несигурност кај меѓународните и домашните инвеститори и недоверба во владеењето на правото како основен инструмент за заштита на инвестициите во државата.

Дополнително, со оглед на фактот што матичната компанија Еуромакс е компанија што котира на берзата во Торонто, секоја сензитивна информација или одлука може да влијае на лажно наведување на инвеститорите, за кое може да се сноси колективна или индивидуална одговорност пред судовите во Канада и САД, доколку поединечни инвеститори го побараат тоа поради претрпена штета. Самиот факт дека одлуката за спојување беше објавена на берзата во Торонто, евентуалната дополнителна објава за повлекување на претходната одлука, сериозно ќе одекне во меѓународните инвестициски кругови и ќе го зголеми сомнежот за правната сигурност при инвестирање во Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата на Еуромакс рисорсис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ