четврток, 28 ноември 2024

ЕУ воведе санкции за лидерот на Хамас

Земјите-членки на Европската Унија денеска го вклучија политичкиот лидер на Хамас, Јахја Синвар, на својата листа на санкции како одговор на ненадејниот напад на групата врз Израел во октомври минатата година. Како резултат на таа одлука, неговиот имот и финансиските средства во земјите членки на ЕУ ќе бидат замрзнати, а на финансиските институции од ЕУ ѝм е забрането да му ставаат на располагање средства и економски ресурси.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Синвар е роден во бегалскиот камп Кан Јунис. Тој беше избран за лидер на Хамас во Газа во 2017 година и беше еден од 1.027 Палестинци кои беа ослободени од израелските затвори во 2011 година во замена за израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше приведен во Газа. Во декември ЕУ ги стави командантот на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Деиф и неговиот заменик Марван Иса на својата листа на терористи.

Двајцата важат за водечки фигури на Хамас и за планери на невидениот масакр во Израел на 7 октомври, во кој беа убиени околу 1.200 Израелци, а околу 250 лица беа киднапирани и однесени во Појасот Газа. ЕУ го класифицира Хамас, кој насилно ја презеде власта во Појасот Газа во 2007 година, како терористичка група во 2001 година.

Шефот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханија, кој живее во Катар, сè уште не е санкциониран од ЕУ. Синвар е највисоко рангиран политичар од Хамас во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ