петок, 18 октомври 2024

ЕУ ќе депортира сè повеќе емигранти, тврди шефицата на Европската комисија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен кажа дека ЕУ ќе „извлече поука“ од спорната италијанската политика кон емигрантите. Нејзината изјава доаѓа за време на самитот на 27-те членки на ЕУ фокусиран на миграциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пред самитот во Брисел шефицата на ЕК им пишала на лидерите на ЕУ и најавила дека извршната власт во ЕУ ќе претстави нов предлог закон за зголемување на депортациите на мигрантите. Италија оваа недела почна да испраќа мигранти во центри за обработка во Албанија.

Шеснаесет мажи биле префрлени вчера во албанското пристаниште Шенѓин, но неколку часа по нивното доаѓање се покажало дека двајца се малолетни, а уште двајца здравствено загрозени, па биле вратени во Италија. Останатите земји од ЕУ почнаа да разгледуваат начини за процесирање на мигрантите во трети земји.

Вчера холандската влада соопшти дека размислува за план за испраќање на одбиените баратели на азил во Уганда. Како што наведува Би-би-си, се чини дека Фон дер Лаен, која го почнува својот нов петгодишен мандат како лидерка на ЕК, одговара на притисокот од цела Европа околу решавањето на прашањето со миграциите.

Во своето писмо до државите членки Фон дер Лаен вели дека стапката на враќање на нерегуларните мигранти од земјите на ЕУ во моментов е само околу 20 отсто, што значи дека големо количество луѓе на кои им е наредено да заминат не го прават тоа.

Сите држави членки би требало да ги признаат одлуките кои ги донеле други земји од ЕУ за да се обезбеди „мигрантите кои имаат решение за враќање во една земја да не можат да ги искористат пукнатините во системот за да избегнат враќање на друго место“, напишала Фон дер Лаен.

Според договорот Италија-Албанија, некои од мигрантите спасени во Средоземно Море ќе бидат испратени во Албанија, каде ќе се разгледаат нивните барања за азил. Двата центри за обработка, кои чинеле околу 650 милиони евра, требаше да бидат отворени минатата пролет, но се доцнеше, а нивната изградба и управувањето ги спроведува италијанската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ