четврток, 24 октомври 2024

ЕУ го укинува визниот режим за граѓаните на Косово кои имаат српски пасоши

Советот на Европската Унија донесе одлука да се укине визниот режим за граѓаните на Косово кои се носители на српски пасоши, издадени од страна на Координацискиот директорат на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена на ниво на министрите за надворешни работи на последниот состанок.

Со усвојувањето од страна на Советот на ЕУ, завршуваат законодавните процеси.

Штом указот стапи на сила, што ќе се случи 20 дена од денот на објавувањето во службен весник, ќе почне да се применува во сите држави членки на ЕУ.

„Советот на ЕУ денес го усвои указот со кој се обезбедува за целиот регион Западен Балкан да важи истиот визен режим, со укинување на исклучувањето кое претходно важеше за носителите на српски пасоши издадени од страна на Координацискиот директорат на Србија“, се наведува во соопштението на ЕУ.

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да ги укине визите за носителите на пасошите издадени од Координацискиот директорат на Србија.

„Мала, но важна победа за човековите права на Србите на Косово и Метохија“, напиша шефот на српската дипломатија на социјалната мрежа Икс.

Косово не ги признава тие пасоши и носителите на тие пасоши не можат да летаат од аеродромот во Приштина.

По повод одлуката на ЕУ реагираше косовската влада. Вицепремиерот на Косово во ноември 2023 кажа дека „признавањето на овие документи ја поткопува интеграцијата на српската заедница, им штети на долгогодишните напори (околу интеграцијата на Србите)“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ