Како што рекол за Франс прес еден функционер, кој побарал да остане анонимен, официјален Брисел е среќен што „каналите за комуникација се отворени“.
„ЕУ секогаш ја охрабруваше Кина, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, да ја сподели глобалната одговорност за почитување на Повелбата на ОН и принципите на меѓународното право“, рекол изворот.
Според него, намерата на Кина да испрати специјален пратеник во Украина е примена на знаење, но се чекаат „повеќе детали за оваа иницијатива“.