недела, 20 октомври 2024

ЕСМ: РЕК Битола до понеделник ќе работи со еден блок

По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок. Блок 1 вчера доцна попладнето беше ставен во во функција, соопштија од ЕСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Неочекуваниот испад на блокот заради прекин на напојувањето, предизвика проблем во котелот на Блок 1 заради што постројката во текот на денот ќе биде исклучена од мрежа. Се очекува санацијата на проблемот да заврши до понеделник, по што Блок 1 ќе биде повторно ставен во функција и РЕК Битола да продолжи со работи со два блока.
Во тек се пуштачки операции на Блок 3 кои вчера беа прекинати заради испадот на 110 киловолтна собирница на МЕПСО. Постројката ќе биде ставена на мрежа во текот на денешниот ден.
Ремонтот на Блок 2 на РЕК Битола се одвива непречено и согласно предвидената динамика“, се вели во соопштението.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ