среда, 23 октомври 2024

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Турција е подготвена да изгради воена база во северен Кипар „ако е потребно“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави официјалната новинска агенција Анадолија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку е потребно, можеме да изградиме база и поморски структури на север. Имаме и море“, изјави турскиот претседател од авионот при враќање од Кипар, каде што вчера присуствуваше на церемониите по повод 50-годишнината од интервенцијата на турската армија. Тој ја обвини Грција дека сака да воспостави таква база на поделениот медитерански остров.

„Ние на островот градиме зграда на претседателството (на самопрогласената Турска Република Северен Кипар) и зграда на парламентот. Тие градат воена база, а ние политичка база“, рече Ердоган.

Во 1983 година, Турската Република Северен Кипар беше прогласена во северниот дел на Кипар, која е признаена само од Турција.

Шефот на турската држава уште еднаш отфрли секаква можност за продолжување на меѓународните преговори за иднината на Кипар, сметајќи дека единствениот можен начин е директно да се преговара со кипарските Грци, на рамноправна основа.

„Искрено не мислиме дека е можно да се започне нов преговарачки процес без воспоставување равенка според која двете страни ќе седнат на маса како еднакви и ќе ја напуштат како еднакви“, рече Ердоган.

Островот Кипар е поделен откако Турција го зазеде северниот дел од островот на 20 јули 1974 година, како одговор на државниот удар на националистичките кипарски Грци кои сакаа да го припојат кон Грција.

Република Кипар, единствената меѓународно признаена, ја спроведува власта само на јужниот дел на островот, поделен со тампон зона под контрола на ОН, од северниот дел на Турската Република Северен Кипар, самопрогласена и признаена само од Анкара.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ