среда, 23 октомври 2024

Ердоган се закани: Можеме да влеземе во Израел

Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците, како што тоа некогаш го направи во Либија и Нагорно-Карабах, изјави вчера претседателот Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да бидеме многу силни за Израел во Палестина да не може да го прави тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги достигнувањата на индустријата за оружје.

„Исто како што влеговме во Карабах и Либија, би можеле нешто слично да им направиме и на нив“, рече Ердоган во телевизиски говор. Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставници на неговата партија не одговорија на прашањата за детали од неговата изјава.

Израел не одговори веднаш на изјавата на турскиот претседател.

Инаку, Ердоган се осврна на претходни турски акции. Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи Либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеиба.

Минатата година Турција негираше директна вмешаност во азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах, но нагласи дека го поддржува блискиот сојузник „со сите средства“, вклучувајќи обука и модернизација на војската, потсетува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ