вторник, 22 октомври 2024

Ердоган: Нападите на Газа достигнаа ниво на масакр, молчењето е срам за човештвото

Израелските напади врз Појасот Газа „достигнаа ниво на масакр“, а молчењето на меѓународната заедница е „срам за човештвото“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонскиот разговор со папата Франциско.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението на кабинетот на турскиот претседател објавено на социјалната мрежа Икс, Ердоган за време на разговорот со папата, на кој тема била војната меѓу Израел и Хамас, рекол дека сите треба да ги поддржат напорите за без прекин да им се испорачува помош на невините цивили во Газа.

Ердоган повтори дека ставот на Турција е дека трајно решение на овој конфликт може да се постигне само преку формирање на независна палестинска држава, пишува Тајмс оф Израел.

Турција неодамна ги нормализираше односите со Израел, но во последните денови жестоко го критикува за нападите врз Газа.

Во средата, Ердоган објави дека го откажува планираното патување во Израел, велејќи дека „Хамас е група ослободители кои ја штитат својата земја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ