четврток, 24 октомври 2024

Ердоган го осуди неморалот кон христијанскиот свет на отворањето на Олимписките игри

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го осуди „неморалот извршен над христијанскиот свет“ за време на одржувањето на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз и изјави дека сака да му се јави на папата Франциско за тоа.

 

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во прва прилика ќе му се јавам на папата и со него ќе го споделам мислењето за неморалот кој е извршен против христијанскиот свет и против сите христијани. Олимписките игри се злоупотребени како средство за настраност која ја расипува човечката природа“, порача турскиот претседател.

Ердоган прво најави пристигнување во Париз на 26 и 27 јули, па потоа ја откажа посетата, правдајќи се дека на некои работи го предупредила неговата внука.

„(Францускиот претседател Емануел) Макрон ме покани. Му кажав дека можам да дојдам, но мојата 13-годишна внука ме предупреди да не одам бидејќи таму ќе има манифестација на ЛГБТ заедницата. И ми покажа фотографии од Инстаграм“, кажа Ердоган.

„Можете ли да замислите еден спортски настан, кој треба да ги обедини луѓето, да биде отворен со сцена на непријателство кон вредностите на човештвото?“, праша турскиот претседател. „Во Париз се одвиваше проект чија цел беше свеста на луѓето да ја сведе на пониска од животинската“.

„Срамната сцена во Париз не го навреди само католичкиот и христијанскиот свет, туку и нас. Истовремено нè разгневи. Ја цениме оправданата реакција на унгарскиот премиер, господинот Виктор Орбан“, истакна Ердоган, истакнувајќи дека смета дека повеќе лидери требало да го осудат овој очигледен напад на нешто свето.

Турскиот јавен канал ТРТ спор ја пренесуваше речиси целата церемонија на отворањето на Олимписките игри во Париз, и сцената со транвеститите, што многумина го протолкуваа како потсмевање со последната вечера на Исус со неговите апостоли, иако организаторите го негираа тоа.

ТРТ спор преносот во живо го прекина веднаш по прикажувањето на таа сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ