сабота, 23 ноември 2024

Ердоган: Бајден нареди да ме симнат од власт

Објавено на

часот

Сподели

„Бајден дал наредба да се собори Ердоган, јас го знам тоа. Тоа го знае целиот мој народ. Доколку е така, гласачките ливчиња ќе му дадат одговор и на Бајден“, рече Ердоган, коментирајќи ја изјавата на Бајден за време на претседателската кампања во САД во 2020 година, кога тој истакна дека Вашингтон треба да ги охрабри противниците на Ердоган да го поразат на изборите, објави Ројтерс.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент рече дека Турција е долгогодишен сојузник на САД и дека Вашингтон внимателно ќе ги следи изборите, додавајќи дека „САД нема да заземат страна на изборите“.

Ердоган оцени дека опозицијата во Турција добива наредби од Запад и дека тие ќе ги „послушаат желбите на западните нации доколку бидат избрани“.

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори, кои претставуваат најголем предизвик за 20-годишното владеење на вршителот на должноста претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесе Ројтерс.

Гласачите ќе го избираат новиот претседател меѓу Ердоган, кој бара реизбор, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу, на кого предизборните анкети му даваат мала предност и Синан Оган, јави Анадолија.

Мухарем Инџе, уште еден претседателски кандидат, се повлече од трката во четвртокот.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Ердоган се соочува со најголемиот предизвик во неговата кариера и дека Киличдароглу води во предизборните анкети, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ