понеделник, 28 октомври 2024

Елмас поради здравствени проблеми бил изваден на полувремето

Елиф Елмас во саботата првпат беше стартер на меч на Лајпциг, го почна натпреварот против Дармштад, но беше заменет на полувремето.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас првпат беше стартер, но поради тоа што беше изваден на полувреме, изгледаше како разочарување бидејќи повторно не одигра долго.

Но, неговиот тренер Марко Росе објасни дека станувало збор за здравствени проблеми поради кои македонскиот фудбалер бил изваден од игра.

„Елмас одигра добро полувреме, беше мотивиран и полн со енергија, што беше задоволувачки за мене. На полувремето морав да го заменам бидејќи не се чувствуваше најдобро. Се пожали на болки во стомакот и главата, а имал и несвестица, па немавме друг избор. И јас бев изненаден, но во секој случај не сакавме да ризикуваме и го повлековме од игра“, изјави Росе.

Се очекува Елмас да биде дел од денешниот тренинг на Лајпциг и да конкурира за следниот меч кој е на гостински терен кај Келн во петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ