сабота, 19 октомври 2024

Еквадорски претседателски кандидат убиен на предизборен митинг (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот сторител починал од повредите здобиени за време на апсењето, објави канцеларијата на јавниот обвинител на платформата Икс. Партијата „Мувименто конструје“ на Виљависенсио на Икс објави дека вооружени лица ги нападнале нејзините канцеларии во Кито.

„Во спомен на неговата борба, ве уверувам дека ова злосторство нема да остане неказнето“, напиша претседателот Гиљермо Ласо на социјалната мрежа. Тој додаде дека организираниот криминал во земјата „замина многу далеку“ и им порача на сторителите дека „целата тежина на законот ќе падне врз нив“.

Ласо најави свикување итен состанок на високи функционери задолжени за безбедност. Според анкетите на јавното мислење, центристот Виљависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите, со што е на петтото место меѓу осумте претседателски кандидати во првиот круг од претседателските избори закажани за 20 август.

Виљависенсио, од провинцијата Чимборазо на Андите, беше поранешен член на синдикатот во државната нафтена компанија Петроекуадор, а подоцна како новинар укажа на наводните милионски загуби во договорите за нафта. За нафтениот бизнис тој во вторникот поднел пријава до Државното правобранителство, но деталите од неговата пријава не се соопштени.

Виљависенсио беше под жестоки критики од опозициските политичари за попречување на процесот на импичмент на Ласо оваа година, по што беа распишани предвремени избори. „Денес, повеќе од кога било, се повторува потребата да се дејствува силно против криминалот. Господ да го чува во своја слава“, напиша Јан Топиќ, претседателски кандидат.

Претседателката на Националниот изборен совет (ЦНЕ), Дијана Атамаинт, исто така во средата објави дека неколку членови на тоа тело, одговорно за следење на гласањето, добиле смртни закани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ