Експлозивна направа била фрлена денеска во раните утрински часови врз киоскот во Митровица, што косовската полиција го користела како контролен пункт.
„Се претпоставува дека експлозијата била предизвикана од пиротехника во комбинација со запаллив материјал“, изјави Ељшани.
Тој додаде дека е причинета материјална штета, односно дека е оштетен киоскот што го користела полицијата.
Ден претходно, косовскиот премиер Албин Курти, придружуван од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља ги посети полицајците во оваа општина.
Српска листа, најголемата партија на косовските Срби, ја сметаше таа посета како „провокација“.
На северот на Косово, од крајот на мај има зголемени тензии поради одлуката на косовските власти да ги преземат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, за да можат градоначалниците Албанци да имаат пристап до нивните канцеларии. Србите, кои го сочинуваат мнозинството во тие општини, остро се спротивставија затоа што ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат резултатите.
Додека Приштина и Белград се обвинуваат меѓусебно, меѓународната заедница постојано повикува на деескалација на тензиите.
Група американски сенатори побараа од американскиот претседател Џо Бајден „да изврши дипломатски притисок“ со цел да се стави крај на кризата на северот на Косово.