среда, 27 ноември 2024

Експлозија во зграда во Рим, три лица извлечени од урнатините

Три лица се извлечени од урнатините на станбена зграда која се урна во експлозија за која се сомнева дека е предизвикана од истекување на гас. Станбена зграда се урна во населбата Канале Монтерано, во близина на Рим, пренесе Анса.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите успеале да извлечат брачен пар и нивниот 18-годишен син од урнатините и да ги однесат во локалната болница.

Инспекторите се обидуваат да утврдат што точно го предизвикало уривањето на зградата, а една хипотеза е дека зградата се урнала во експлозија поврзана со истекување на гас.

Според сведочењето на локалните жители во населбата Канале Монтерано, се чувствувал мирис на гас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ