Експлозијата на „неодредена муниција“, како што објавија воени извори на платформата Икс, се случила на полигонот Либава во источна Чешка за време на вежба спроведена од експерти за отстранување експлозив, се вели во военото соопштение.
Воениот полигон чешката армија го користи за обука на украинските војници, соопшти чешката армија и локалната болница.
Двајца војници со умерени повреди се пренесени со хеликоптер во Универзитетската болница во Оломоуц, на околу 200 километри источно од Прага, изјави за француската новинска агенција АФП портпаролот на болницата Адам Фричер, другите шестмина повредени со возило на брза помош се пренесени во воената болница во Оломоуц.
Портпаролката на воената полиција Катерина Млинкова изјави за АФП дека повредените „не се странски“ државјани.
Армијата соопшти дека се информирани семејствата на повредените и загинатиот војник, како и дека ќе ја информираат јавноста за натамошниот развој на настанот.