петок, 1 ноември 2024

Експлозии во Киев за време на посетата на африканските лидери: „Русија сака уште војна, а не мир“

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека експлозиите се случиле во областа Подил и предупреди дека уште повеќе проектили биле насочени кон градот, јавува Би-би-си.

Украинскиот министер за одбрана Дмитро Кулеба на Твитер објави дека ракетите во Киев се порака до африканските лидери што денеска се во посета на Украина.

„Путин ја гради самодовербата со извршување на најголемиот ракетен напад врз Киев во последните неколку недели, токму за време на посетата на африканските лидери во нашиот главен град. Руските ракети се порака до Африка: ‘Русија сака уште војна, а не мир’“, напиша Кулеба.

Воздухопловните сили на Украина на Телеграм објавија дека уништиле шест балистички ракети кинжал, шест крстосувачки ракети калибр и две извидувачки беспилотни летала во најновиот руски напад врз Киев, но не дадоа информации за експлозиите што се случија во главниот град.

Малку порано, африканските лидери отидоа на местото на масовната гробница во градот Буча, кој се наоѓа недалеку од Киев.

Тие утрово на железничката станица Немишаево ги пречекаа специјалниот пратеник на Украина за Африка и Блискиот Исток, Максим Субх, како и јужноафриканскиот амбасадор во Украина, Андре Гроневалд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ