Како што јави белоруската агенција Некста, ова го пренесе дописникот на РТ од Ростов.
На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа како луѓето бегаат во паника, наводно поради експлозијата што се случила во близина на касарната во Ростов.
There was an explosion near the headquarters of the Southern Military District in Rostov-on-Don – RT propaganda correspondent from the scene. pic.twitter.com/jNQdGkota0
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2023
Оваа информација засега не е официјално потврдена, а не се знае ни кој стои зад експлозијата.
Претходно имаше експлозија во складиште за нафта во соседен Воронеж, а се претпоставува дека руската армија намерно ги кренала во воздух складиштата за да ги забави силите на Вагнер.