недела, 24 ноември 2024

Економската соработка била темата на разговорите на Муцунски со нерезидентните амбасадори со седиште во Софија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вчера остварил средба со група нерезидентни амбасадори, акредитирани за нашата земја, со седиште во Софија. На состанокот присуствувале амбасадорите на Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија, Куба и Пакистан. Во фокусот на разговорите бил „огромниот потенцијал за унапредување на економската соработка со земјите претставени на состанокот“.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопштија од министерството, Муцунски ја истакнал важноста од продлабочување на билатералните врски со овие земји и можноста од нивно резидентно дипломатско присуство, што би овозможило подиректна и поефикасна комуникација.

Муцунски го нагласил огромниот потенцијал за унапредување на економската соработка со земјите претставени на состанокот со фокус на потенцијалот за зголемување на трговската размена, директните инвестиции и економски партнерства во различни сектори.

„Во тој контекст, акцентот беше ставен на енергетиката, инфраструктурата, прехранбената индустрија, информатичката технологија и автомобилската индустрија. При тоа, стана збор и за интензивирање на соработката во областите на културата, науката, образованието и туризмот. Дополнително, беше истакната заемната заложба за поблиска соработка на меѓународните форуми, особено при справување со заеднички глобални случувања и предизвици“, наведуваат од миинистерството.

Средбата, како што се истакнвуа, била одлична можност за потврдување на важноста од градење на партнерства и се поставила солидна основа за продлабочена соработка меѓу нашата држава и земјите присутни на состанокот преку нивните амбасадори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ