Зајакнувањето на трговските, инвестициските и генерално економските односи меѓу Грција и Македонија биле главната тема на разговорите на овој бизнис – форум, а македонските бизнисмени го посетиле и солунското пристаниште, за кое кажале дека е главната порта за извоз и увоз.
На средбите им претходел отворен настан за перспективите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
Првиот потпретседател на солунската комора, Емануил Влахојанис, како што е наведено во соопштението на ЕВЕТ, посочил дека бизнисите во целиот свет се соочуваат со сложено економско опкружување кое се карактеризира со нестабилност и неизвесност, создадени од демографската неурамнотеженост, климатската криза и технолошки предизвици.
„За улогата и важноста на солунското пристаниште (ОЛТ) за економијата на Северна Македонија, говореле генералните директори на ОЛТ, додека пак станало збор и за царинските процедури во северна Грција. Состанокот во Солун на бизнис делегациите од двете земји беше прв од ваков вид во последните години“, наведува Трговско-индустриската комора на Солун.