понеделник, 21 октомври 2024
Средба на бизнисмени во Солун

Економијата ќе ги покрие македонско – грчките разлики, кажал Пешев во Солун

„Грција е особено важна за економијата на нашата земја, која извозот го врши главно преку пристаништето во Солун, a економијата ја имаа таа моќ да ги покрие разликите меѓу двете држави“, изјавил во Солун Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, кој вчера предводел делегација од 30 македонски бизнисмени во посета на  Трговско-индустриската комора на Солун (ЕВЕТ). Пешев нагласил дека Грција е меѓу петте најважни трговски партнери на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Зајакнувањето на трговските, инвестициските и генерално економските односи меѓу Грција и Македонија биле главната тема на разговорите на овој бизнис – форум, а македонските бизнисмени го посетиле и солунското пристаниште, за кое кажале дека е главната порта за извоз и увоз.

На средбите им претходел отворен настан за перспективите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Првиот потпретседател на солунската комора, Емануил Влахојанис, како што е наведено во соопштението на ЕВЕТ, посочил дека бизнисите во целиот свет се соочуваат со сложено економско опкружување кое се карактеризира со нестабилност и неизвесност, создадени од демографската неурамнотеженост, климатската криза и технолошки предизвици.

„За улогата и важноста на солунското пристаниште (ОЛТ) за економијата на Северна Македонија, говореле генералните директори на ОЛТ, додека пак станало збор и за царинските процедури во северна Грција. Состанокот во Солун на бизнис делегациите од двете земји беше прв од ваков вид во последните години“, наведува Трговско-индустриската комора на Солун.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ