сабота, 19 октомври 2024
По шест години

Еколошкиот билборд во Тетово кој наместо да го прочистува воздухот, стана корпа за отпадоци е отстранет

Објавено на

часот

Сподели

„Поради негрижата од претходната локална власт, еко-дрвото со години стои исушено и веќе нема ефект врз подобрување на аерозагадувањето, за што и беше поставено. Поради тоа одлучено е истото да биде отстрането“, информираа од службата за односно со јавноста при Општина Тетово.

Оваа вертикална конструкција која беше поставена во март 2017 година имаше комбинација на мовови и васкуларни растенија односно растителен филтер со улога на прочистувач на воздухот како што би имале 275 дрвја.

Неколку месеци по поставувањето голем дел од растенијата се исушија. Еколошкиот билборд потоа со години стоеше без примарната функција, а граѓаните во него оставаа отпадоци. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ