понеделник, 25 ноември 2024

Египќаните од новата власт очекуваат институционална интеграција како посебна етничка заедница

Новата власт, особено премиерот Христија Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се можеби и последната наша надеж за институционална интеграција на Египќаните како посебна, автохтона и автентична етничка заедница, се вели во соопштението на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција на Египќани.

Објавено на

часот

Сподели

„Премиерот Мицкоски е голем поддржувач на оваа мала, но лојална етничка заедница во Македонија и низ годиниве секогаш беше заинтересиран за нашите проблеми. Досега имаме извонредна и постојана комуникација со него, не сме игнорирани и тоа ни дава надеж дека токму ова Влада ќе ги интегрира Египќаните во институциите на системот, иако досега беа ставени на маргините, и истата  важеше за најмаргинализирана етничка заедница во Македонија“, изјави лидерот на НГИ Коалиција на Египќани, Демир Далип.
Тој додаде дека неговата организација верува во демократскиот, обединувачки и интегративниот капацитет на премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и потсети дека коалицијата е долгогодишен стратешки партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ