среда, 30 октомври 2024

Египет ќе ѝ се приклучи на Јужна Африка против Израел во судските постапки во МСП

Египетските вести објавија дека ќе ѝ се придружат на Јужна Африка во неодамнешното барање до Меѓународниот суд на правдата (МСП) да воведе нови итни мерки против Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е донесена во контекст на зголемувањето на израелските напади врз палестинските цивили во Појасот Газа, систематското израелско таргетирање цивили и уништувањето на инфраструктурата и поттикнувањето на раселување на Палестинците, соопшти египетската дипломатија.

Во посебна изјава, палестинското движење Хамас изрази благодарност до Египет за најавената мерка.

Хамас ги повика „арапските и муслиманските земји и сите земји низ светот да преземат слични мерки за поддршка на палестинската кауза со приклучување кон правни дејствија“ против Израел, да ги прекинат сите односи со земјата и да ја изолираат на меѓународно ниво.

Ова е трет пат Јужна Африка да бара дополнителни мерки од највисокиот суд на ОН, откако таа се обрати до МСП кон крајот на декември, обвинувајќи го Израел за „геноцид“ во Газа, обвинение што Израел жестоко го негира.

Ситуацијата што „настанува како резултат на израелскиот напад на Рафа“ предизвикува, според Јужна Африка, „нови случувања што предизвикуваат непоправлива штета на правата на палестинскиот народ во Газа“, соопштија властите во Преторија.

Јужна Африка конкретно бара од судот да му нареди на Израел да гарантира дека „веднаш ќе се повлече и ќе ја прекине воената офанзива во Рафа“. Се бара гаранција и непречен пристап на хуманитарната помош до Појасот Газа.

Египет беше првата арапска земја што постигна мировен договор со Израел во 1979 година. Земјата често игра посредничка улога во израелско-палестинскиот конфликт, вклучително и сега.

Таа земја со Газа ја дели единствената граница на малата опкружена територија што не е под директна израелска контрола.

И покрај меѓународните предупредувања, израелската армија од вторникот врши упади во источниот дел на Рафа и ја презеде контролата на граничниот премин со Египет, блокирајќи ја клучната влезна точка за конвои со хуманитарна помош.

Оттогаш, Египет одбива да го координира со Израел влезот на помошта во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ