недела, 20 октомври 2024

ЕЕА: Загадувањето со ситни честички предизвикало смрт на 253.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 253.000 смртни случаи во ЕУ во 2021 година може да се припишат на изложеноста на загадување со ситни честички (ПМ 2,5) над 5 мг/м3, колку што е препорачано од Светската здравствена организација (СЗО)“, се вели во соопштението на ЕЕА.

Таа бројка е поголема отколку во 2020 година, кога ситните честички предизвикале прерана смрт на 238.000 луѓе. Зголемувањето се објаснува со поголема изложеност на загадување и благо зголемување на смртноста главно поради ковид-19, според ЕЕА. Тенденцијата, сепак, останува генерално позитивна кога се гледа подолг период, бидејќи од 2005 до 2021 година бројот на предвремено починатите поради ситните честички се намалил за 41 отсто, се истакнува во истражувањето.

И покрај „големиот напредок“ во последниве години, „влијанието на загадувањето на воздухот врз нашето здравје сè уште е преголемо“, рече извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила-Мононен во изјавата. ЕЕА предупреди дека загадувањето на воздухот останува најголемата еколошка закана за здравјето на Европејците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ