сабота, 26 октомври 2024

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Гевгелија-Богданци

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова. Патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Во полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила, две марка мерцедес, опел корса и хјундаи. Во несреќата на самото место починал возачот на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на полициската станица Гевгелија“, изјави Трајанова.

Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.

ТППЕ Гевгелија е излезена на местото на несреќата со едно против-пожарно возило и тројца пожарникари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ