Оттаму за МИА појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на лекување во кавадаречката болница.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.
Јавното обвинителство нареди обдукција за починатиот.
Како што појаснија од обвинителството за МИА, бил извршен увид на лице место каде што се случила сообраќајната несреќа.
Двајцата патици во третото возило што учествувало во несреќата не се повредени.
„Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу кои и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата“, информираа од обвинителството.