понеделник, 28 октомври 2024

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Крушево

Во судир на автомобили едно лице го загуби животот на патот Прилеп – Крушево.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 21.05 часот било пријавено дека на  регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка киа со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило марка ауди со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото ауди, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска болница-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Прилеп и јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ