сабота, 26 октомври 2024

Едно лице уапсено за саботажа во Франција, сомнежот е на екстремните левичари

Едно лице е уапсено за саботажа на брз воз во Франција на денот на отворањето на Олимпијадата. Францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманен рече дека постои сомневање дека екстремни левичари стојат зад нападот на железничката инфраструктура.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дарманен на социјалната мрежа Икс напиша дека во неделата во местото Сен Маритим е уапсен ултралевичарски активист, под сомнение дека извршил саботажа на железницата.

Уапсеното лице во моментот на апсењето било на железницата, а наводно ги имало клучевите од техничките простории на железницата, алати и левичарска литература, пренесе АФП повикувајќи се на полициски извори.

Министерот за внатрешни работи рече дека методите што ги користеле саботерите носат белег на екстремни левичари и дека досега се идентификувани профили на неколку лица.

Француските ултра брзи ТГВ-возови сообраќаат редовно од понеделникот, откако сообраќајот беше во прекин цел викенд бидејќи саботери ги запалија оптичките кабли на брзата железница.

 

Дарманен рече дека 50 дронови, 250 железнички агенти и 1.000 работници се испратени на железницата за да се зајакне безбедноста на 28.000 километри долгата мрежа на брзата железница.

Тој потврди и дека се уапсени 45 члена на еколошката организација „Екстинкшн ребелион“ (Extinction Rebellion).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ