недела, 14 јули 2024
Пред неколку дена го раскина договорот со Реал

Еден Азар размислува да оди во пензија на 32 години!

Објавено на

часот

Сподели

Еден Азар стана најскапото засилување во историјата на Реал кога во 2019 се пресели на „Бернабеу“ но во Мадрид никогаш не ја покажа формата од Челси и имаше само епизодна улога.

Минатата недела Реал Мадрид реши да му плати на Еден Азар за да си оди и беше раскината последната година од договорот.

Според Марка, авантурата на Еден Азар во белиот дрес може да биде последна, фудбалерот од Белгија размислува да стави крај на кариерата и да оди во пензија иако има само 32 години.

Преселба во МЛС лигата исто така е опција, екипата на Ванкувер пројавува интерес за услугите на Еден Азар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ