петок, 18 октомври 2024

Џефри Сакс: Украинскиот конфликт можеше да се избегне (ВИДЕО)

Американскиот економист Џефри Сакс смета дека конфликтот на Русија и Украина можел да се избегне, како и дека истиот можел да заврши веднаш по почетокот, уште во март 2022 година, но дека сè стопирале Соединетите Американски Држави мислејќи дека лесно ќе излезат на крај со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека оваа војна целосно можеше да се избегне и дека можеше да заврши во март 2022. Но таа и понатаму трае бидејќи немаме разумен пристап. Мојот став секогаш бил да ја завршиме војната во Украина“, кажа Сакс, и додаде дека Вашингтон сакал промена на режимот во Москва што сериозно почнало во 2014 година со уривањето на владата на Виктор Јанукович во Киев.

Гостувајќи во емисијата „Пирс Морган без цензура“, советникот во Обединетите нации на кого американските мејнстрим медиуми му прикачија етикета дека е „навивач на Путин“, потсети дека причината за украинската војна е настојувањето на САД да ја дестабилизираат Русија и да го прошират НАТО до нејзините граници.

Одговарајќи на прашањето што мисли за претседателот на Русија Владимир Путин, Сакс кажа дека „станува збор за многу паметен, остар лидер кој го зборува тоа што го мисли“.

Во врска со тоа тој потсети на познатиот говор на Путин од 2007 од Минхенската безбедносна конференција, односно неговото предупредување да се прекине со ширењето на Алијансата на исток. А како тогашниот лидер на САД Џорџ Буш Помладиот реагираше на тоа, праша Сакс, и одговори дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 ги поздрави аспирациите на Украина и Грузија за членство во западниот воен пакт.

„Таа 2008 година, по самитот во Романија, ми се јавија европски лидери со кои сум пријател, и ме прашаа – што прави твојот луд претседател? Зошто ги дестабилизира работите: Вети дека нема да ја турка Украина. тоа ми го кажаа во четири очи, такви работи не кажуваат јавно. Потоа, за жал, дојде 2014. Го видов тоа од прва рака. Беше грдо, Соединетите Држави не би требало да финансираат уривање влади. Го направивме тоа“, истакна Сакс.

Американскиот економист потсети и на последниот пат кога Путин им се обрати на САД, на 15 декември 2021, нудејќи безбедносен договор.

„Се јавив во Белата куќа, им кажав дека мора да се избегне војна, на што одмавнаа со глава со тврдења дека војна нема да има. Потоа кажав – гарантирајте дека НАТО нема да се шири, па војна секако нема да има, не прифатија“, кажа професорот на Универзитетот Колумбија.

Ги спомна и мировните преговори во Анкара, односно нивното пропаѓање благодарение на САД кои мислеа дека лесно ќе победат, односно дека конфликтот ќе ја исцрпи Русија. Тој констатираше и дека односот на актуелниот американски претседател Џо Бајден кон Путин е несоодветен – со навредување ништо не се постигнува.

„Пристапот на Бајден не води никаде, само го зголемува бројот на мртви Украинци. Не се навредува туку се преговара. Ова не е игра на прозивање, не сме во ринг. Целта е светот да не дојде до нуклеарна војна. Значи, треба да се седне и да се преговара“, заклучи Џефри Сакс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ