„Неодамна имаше апсурдна реторика во која се обвинува Кина за менување на статус кво, со што се нарушува мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец. Таквата логика е апсурдна, а заклучокот е опасен“, изјавил кинескиот министер на форумот Лантинг во Шангај, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека оние кои се чесни можат да видат кој се занимава со „хегемонско малтретирање“.
„Со ова не се занимава Кина, туку сепаратистичките сили на Тајван и неколку земји кои се обидуваат да го нарушат статус квото“, рече тој.
Чин Ганг предупреди дека оние кои си играат со оган во Тајван на крајот ќе изгорат. Пекинг неодамна одржа воени вежби околу островот откако тајванската претседателка Цаи Инг-вен се врати во Тајпеј по состанокот во Лос Анџелес со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти.
Кинеските власти го сметаат Тајван за своја територија и ја осудуваат секоја средба на високо ниво меѓу тајвански и странски официјални претставници, наведува Ројтерс.