сабота, 26 октомври 2024

Две лица се приведени откако полицијата им најде дрога во Битола

Две лица се приведени во Битола откако кај нив е пронајдена дрога, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера полициски службеници од СВР – Битола го лишиле од слобода З.Б., на возраст од 31 година од овој град, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М., на возраст од 28 години од Битола и при претрес на патничко возило хјундаи со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода“, појаснија од МВР.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ