сабота, 26 октомври 2024

Две деца убиени, 9 деца ранети во напад со нож во Британија

Две деца загинаа по напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, соопшти полицијата, додавајќи дека уапсила 17-годишно момче под сомнение за убиство и обид за убиство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повредени се девет деца, од кои шестмина се во критична состојба, како и двајца возрасни.

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот.

Полицијата, исто така, соопшти дека мотивот за инцидентот е нејасен, но дека тој не се третира како поврзан со тероризам и дека не бараат никого друг во врска со убодите со нож.

Би-би-си и другите медиуми објавија дека нападот се случил во друштвен центар, каде што за деца од основно училиште било предвидено танцување и јога на музиката на Тејлор Свифт.

„Ужасни и длабоко шокантни вести доаѓаат од Саутпорт. Моите мисли се со сите засегнати“, порача премиерот Кир Стармер на мрежата Икс.

„Би сакал да им се заблагодарам на полицијата и на итните служби за брзата реакција. Ме информираат додека се развива ситуацијата“, додаде Стармер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ