Фотографијата подолу испратена од читател е илустрација на ситуацијата пред шалтерите и своевидна потврда дека во таков простор и објективот на мобилниот телефон нема сила остро да ја долови целата драма на чекање. Сопственикот на телефонот се изначекал 4 часа. Ја подигнал возачката дозвола, за личната карта ќе треба друг ден да дојде – не е готова. А во ист ден ги поднел документите и го сликнале таму на пунктот во Пролет, познат и под името „Прв дојден – прв услужен.
(Во зградата на МРТ)
Повремено постари лица излегуваат на воздух, а се случува и да се пожалат на лошење или да добиваат помош од другите паталци кои се дојдени за да ја подигнат својата лична карта, пасош или возачка дозвола чиј датум беше истечен или пак само ги менуваат за да имаат потрајни документи на кои државата го има полното и долго име Република Северна Македонија.
На првиот работен ден „извисиле“ тие што дошле попладне бидејќи шалтерите се затвориле кај 17 часот. Упорните на вториот ден издржале и подоцна во надеж дека се изработени документите.
Од искуството на службениците на МВР – тие зад шалтерите, ваквата „навалица“ е последица на отворените шалтери во Пролет каде без закажан термин се поднесуваат барањата за нови документи.
И таму се чека со часови. Кој издржи таму, потоа ваму (во МРТ) ќе си чека.
Две чекални за „северна’
Ех вечно Скопје.
П.Џ.