сабота, 19 октомври 2024

Двата стана и трите апартмани на Груевски чинат 1,9 милиони евра

Агенцијата за конфискуван имот го чека одобрувањето на Владата за да ја почне процедурата за продажба на конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски. Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на агенцијата Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Објавено на

часот

Сподели

За продажбата на конфискуваните станови на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, Небиу вели дека најважно е тоа дека цената цената одредена од Бирото за судско вештачење не може да се намалува, туку сумата може само да се зголемува.

Мене ми е чудно што остана непродаден дел од имотот на господинот Сашо Мијалков. Откако јас сум дојден тука презедовме сериозни чекори да ги разгледуваме сите предмети и сите можности каде ќе може да ги ставиме на јавна аукција имотите од предметите за кои веќе има правосилна пресуда од судот. Ниту една третина нема продадено од имотот на господинот Сашо Мијалков, затоа што тука располагам со дваесет и нешто недвижни имоти кои планираме во многу краток период да ги објавиме“, изјави Небиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ