среда, 25 септември 2024

Двајца вработени на УНЦХР загинале во израелските напади на Либан

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) потврди дека двајца нивни вработени загинале во израелските напади на Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

УНХЦР објави дека се „огорчени и многу ужалени“ поради нивното загинување.

Дина Дарвич, од канцеларијата во Бека на истокот на Либан, загинала кога израелски проектил во понеделникот ја погодил зградата во која престојувала, соопшти УНХЦР.

Во понеделникот беше потврдено дека загинал и Али Басма, кој работел во канцеларијата во Тире на југот на Либан.

„УНХЦР е огорчен поради загинувањето на нашите колеги и изразуваме најискрено сочувство на нивните семејства и сакани“, се наведува во соопштението.

Израелската војска објави дека го убила Ибрахим Мухамед Кабиси, командантот на ракетните сили на Хезболах, во воздушен напад на Бејрут.

Тој загинал заедно со други команданти на тие сили, објави израелската војска.

Кабиси се приклучил на Хезболах во 1980-те и имал неколку важни улоги во таа организација. Бил одговорен за планирање и изведување многу напади на израелски цивили и војници.

Хезболах, пак, на Телеграм објави дека ја употребил новата ракета фади-3 во напад на израелска воена база.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ