Вчера во 17 часот во СВР Куманово, 27 годишниот М.Љ. вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21:05 часот, 40 годишниот М.Б. исто така од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.
Во вториот случај, вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, 41 годишниот Д.И. пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.
Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.