среда, 11 декември 2024

Градоначалникот на Струмица се пожали за проблемите на општината пред американската амбасада

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска беше домаќин на претставници на амбасадата на САД во Македонија,  предводени од Кели Мекејлеб, офицер за политички прашања во амбасадата и нејзините соработници.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата посебен акцент бил ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и сè уште се соочува Општина Струмица во последниот месец, како што се водата за пиење и недобивањето средства за новиот градски пазар од унгарскиот кредит, информираа од локалната самоуправа.

„ Претставниците на амбасадата се интересираа, а градоначалникот Костадинов детално ги информираше за голготата со водата којашто Општината и ЈПКД ‘Комуналец’ ја поминаа исклучиво сами и без никаков интерес и поддршка од владините институции иако тие имаат надлежности, како и за тоа дека Струмица остана единствена општина којашто не само што не доби средства, туку остана и без писмено известување зошто е одбиена од унгарскиот кредит иако и струмичани ќе ја имаат обврската за неговото враќање. При тоа градоначалникот им ги објасни и причините за подигањето на алармот во ЗЕЛС“, се наведува во информацијата од Општина Струмица.

Се додава дека струмичкиот градоначалник ѝ се заблагодарил на Мекејлеб за покажаниот интерес и дадената поддршка на Струмица и струмичани во време кога тие се соочуваат со сериозни предизвици и сами бараат и наоѓаат решенија за нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ