„По преземените службени дејствија биле пронајдени возилата форд со радовишки регистарски ознаки и опел без регистарски ознаки при што било утврдено дека истите биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а едно од возилата кое е сопственост на И.Ш. го управувал Ф.Ф. од Радовиш. Возилата и дрвата биле одземени и пренесени во Јавно претпријатие Национални шуми подружница Плачковица Радовиш. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш“, информираа од МВР.
Двајца дрвокрадци од Радовиш пробале да ѝ избегаат на полицијата, но веднаш биле уапсени
Вчера вечер полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.Ш. и Ф.Ф.(30), затоа што околу 21:30 часот кај место викано Еренџе на планината Плачковица иако им бил даден знак од полициски службеници да застанат тие избегале од местото на настанот.
Објавено на
часот