петок, 18 октомври 2024

Два последователни земјотреси ги погодија Берово и Делчево

Два земјотреса чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 километри југоисточно од Скопје, регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес е почувствуван во Берово, Делчево и околината, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ