вторник, 22 октомври 2024

Два камиони се опожарени на северот на Косово, оштетено е и патничко возило

Два камиони биле опожарени ноќеска еден час по полноќ во Северна Митровица, во пожарот било оштетено и патничко возило. Пожарот најверојатно бил подметнат, изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на косовската полиција изјави дека засега нема осомничени, истрагата е во тек, но дека не може да соопшти повеќе детали.

РСЕ дознава дека сопствениците на камионот се Албанци кои имаат бизнис на големо во Северна Митровица, додека оштетеното патничко возило е сопственост на Србинот Д.П.

На пожарот кој ги зафатил камионите му претходеле три детонации.

На северот на Косово, каде што живее мнозинско српско население, оваа година беа забележани неколку слични инциденти. На почетокот на јуни изгореа два автомобила на истата локација како и синоќа.

На почетокот на април, на припадник на косовската гранична полиција му бил запален автомобилот во Северна Митровица.

На почетокот на март изгоре ресторан во сопственост на тогашната заменик-градоначалничка на општина Звечан, Наташа Томаниќ. Таа и надлежните соопштија дека постои сомневање дека пожарот бил намерно подметнат.

Кон крајот на март изгоре објект во сопственост на Ненад Радосављевиќ, поранешен директор на Секторот за спорт, млади и култура во општина Лепосавиќ. Радосављевиќ тогаш за РСЕ изјави дека верува дека зградата е запалена и дека мотивот за тоа е од политичка природа.

Кон крајот на 2022 и почетокот на 2023 година имаше „тренд“ на палење на возила со регистарски таблички РКС (Република Косово). Инаку, поради прашањето за промена на регистарските таблички на возилата од српски на косовски, во ноември 2022 година припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции на север на иницијатива на Српската листа, најголемата партија на Србите, која има поддршка од Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ