петок, 22 ноември 2024

ДУИ за случувањата во М-НАВ: „Инцидентите неправедно ѝ се припишуваат на партијата“

ДУИ денеска излезе со прва реакција, соопштение, во врска со инцидентите во државната воздухопловна навигација М-НАВ и наведува дека бара „истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот“. Како што веќе објави МКД.мк, во инцидентите главна улога имал функционерот на ДУИ, Беким Незири, инаку советник во М-НАВ, но од ДУИ во соопштението велат дека „неправедно инцидентите ѝ се припишуваат на партијата“.

Објавено на

часот

Сподели

„Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.

Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.

Инцидентот кој се обидува неправедно да ѝ се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.

Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ